Одличен чоко-ванила крем без глутен и шеќер, од само неколку состојки.
Состојки:
- 250 гр млеко во прав
- 300 мл вода
- 100 гр путер
- 4 капки екстракт од ванила
- 3 лажици какао
- 2 лажици течен засладувач
Начин на подготовка:
- Ставете вода, засладувач и екстракт да зоврие. Додајте путер и мешајте да се растопи. Оставете да се излади.
- Ставете ја смесата во вангла, додајте млеко во прав, па соединете со миксер додека не се издробат грутките. Масата поделете ја на два дела и во едниот додајте какао. Ставете го кремот во тегла и оставете да се излади.
Уживајте!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи