Направете вкусна и бела торта со пуслици, омилениот десерт од детството.
Состојки:
- 1 ½ шолји брашно
- 100 гр. маргарин
- 2 шолји шеќер
- 4 јајца
- ½ шолји млеко
- 200 гр. готови пуслици
- 1 шолја џем од кајсии
- 1 лажиче прашок за пециво
- 1 кесе ванилин шеќер
Подготовка:
- Се мати пенасто шеќерот со маргарин, се додаваат едно по едно жолчките, млеко и ванилин шеќер и се меша се заедно.
- Се сее брашното со прашок за пециво и се додава, па се дели тестото на два дела.
- Се развлекува кора од двата дела и двете кори се печат на 180 степени околу 25 минути.
- Се премачкува една со џем, па горе се става изматениот шлаг од белки.
- Се ставаат пуслици, па уште малку шлаг.
- Се става другата кора, џем на неа, шлаг и останатите пуслици.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи
Полнет ананас со ориз и пилешко
Полнети печурки по најдобар рецепт