Вкусен доручек: Пица пита

Вкусен доручек: Пица пита

Послужете со јогурт и уживајте…

Состојки:

  • 10 тенки готови кори
  • 150 гр сирење
  • 100 гр рендана салама
  • 100 мл млеко
  • 2 јајца
  • малку кечап
  • 1/2 прашок за печиво
  • оригано
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Издробете сиерење со вилушка, додајте млеко и 2 јајца, прашок за печиво и сѐ изедначете. Саламата изрендајте ја.

     

  2. Една кора малку пропрскајте со масло, ставете 3 лажици сирење, па премачкајте ја целата кора. Од горе нафрлајте салама, додајте кечап и оригано.

     

  3. Свиткајте во ролна и редете во намастен плех. Премачкајте ги ролните со масло и печете 30-35 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text