Гибаница со сирење, кашкавал и димена сланина

Гибаница со сирење, кашкавал и димена сланина

Направете вкусна гибаница со кисело млеко.

Состојки:

  • 1 пакување кори
  • 5 јајца
  • 100 мл. масло
  • 150 мл. кисело млеко
  • 250 мл. кисела вода
  • 300 гр. димена сланина
  • кашкавал, сирење, маргарин

Подготовка:

  1. Се премачкува тава со маргарин и масло.
  2. Се матат јајцата во сад. Во мала шолја кисело млеко се става прстофат сода, па неколку капки оцет, и се чека да надојде.
  3. Се додава во млекото со јајца, 100 мл. масло и кисела вода, ронето сирење по желба и се меша.
  4. Се сече и сланината на коцки и се додава.
  5. Се земаат по две кори, се прскаат со масло и се става една кутлача од смесата, така додека има кори.
  6. Последната кора се прелива со смеса и се ставаат горе коцки маргарин, па се пече на загреана рерна на 170 степени.
  7. Се ренда кашкавал пред крајот.
  8. Се допекува и служи.

 

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Смути со лубеница

Смути за старт на денот

За диета здраво срце и висок притисок – една шолја е лек

Неодолив сок од јаболка

Сок од домати – витамини и супер вкус

Слатка зимница: Домашен сок од крушки

Чаша на ден и ќе бидете здрави како дрен

 

singlepost_text