Лута мексиканска салата

Лута мексиканска салата

Пикантна салата која ќе ја обожавате!

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 главица црвен кромид
  • млад кромид
  • 3 црвени пиперки
  • 3 зелени пиперки
  • 200 гр пченка
  • 300 гр црвен грав
  • чили табаско сос
  • маслиново масло
  • јаболков оцет

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го на мали коцки, младиот кромид на кругови, пиперките на ленти. Црвениот грав од конзерва лесно загрејте го да биде топол, па ставете го во сад, додајте пченка и зачинете со табаско сос. 
  2. Додајте ги сите видови кромид, пиперки, маслиново масло и добро измешајте. Пред послужување, салатата нека биде во фрижидер најмалку половина час.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text