Месо во сос од пиво

Месо во сос од пиво

За следниот ручек ви предлагаме месо во сос од пиво.

Состојки:

  • 600 гр свинско филе
  • масло
  • сол
  • бибер
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 200 гр домашен доматен сос
  • 1 лажица зачин
  • 300 мл пиво

Начин на подготовка:

  1. Меосото посолете го и побиберете го по вкус. Пропржете го на кратко од двете страни да добие убава боја, па извадете го од тава.

     

  2. На тоа масло пропржете кромид и лук кој сте го исечкале и иситниле. Кога кромидот ќе биде готов, вратете го месото, прелијте со сос од домати, посипете со зачин, исечкан магдонос, па прелијте со пиво и покријте да се динста додека месото не омекне, околу 20 минути.

     

  3. Послужете со пире од компири, блитва или прилог по ваша желба.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text