Направете брзи и вкусни стапчиња со сирење.
Состојки:
- 150 гр. маргарин
- 100 гр. свинска маст
- 2 јајца
- 1 прашок за пециво
- 100 мл. млеко
- 450 гр. брашно
- 1 лажиче сол и малку сирење (количина по желба)
Подготовка:
- Се мати маргарин со маст и едно јајце, па се става една белка и 100 милилитри млеко.
- Се додава сол и прашок за пециво со брашно.
- Се меси тесто.
- Се развлекува, се премачкува со жолчка со 2 лажици млеко и се ренда сирење.
- Се става сусам по желба и се печат стапчињатакои ќе ги исечете од тестото на 190 степени додека поруменат.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
За диета здраво срце и висок притисок – една шолја е лек
Сок од домати – витамини и супер вкус