Совршен колач со банани и кикирики

Совршен колач со банани и кикирики

Десерт кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 1/3 чаша путер
  • 2/3 чаша шеќер
  • 2 јајца
  • 1 чаша мелени кикирики
  • 1,5 банана
  • 1,5 чаша брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Пенасто разматете путер и шеќер, а потоа додајте јајца, кикирики и изгмечена банана. Во оваа смеса додајте брашно измешано со прашок за печиво и се заедно измешајте.

     

  2. Добиената смеса ставете ја во намастен калап и печете 60 минути на температура од 180 степени.

     

  3. Кога колачот ќе се испече и излади, посипете го со шеќер во прав или прелијте со чоколадо.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text