Направете вкусни кифлички.
Состојки:
- 1 кесе квасец
- 1 лажиче шеќер
- 200 мл. млеко
- 1 јајце
- 200 гр. маст
- 1 лажиче сол
- 700 гр. брашно
- 3 јајца и 250 гр. сирење
Подготовка:
- Се загрева млеко и се раствара квасец во него со шеќер и малку брашно.
- Се активира и за тоа време се сее брашното.
- Се додава потоа во брашното, се става сол и јајце и маст.
- Се меси тесто и се остава со крпа да нарасне.
- По 15 минути се развлекува, се сечат триаголници и се става фил од матени јајца со сирење, па се виткаат кифли.
- Се редат на плех со хартија и се премачкуваат со жолчка, се става сусам и се печат на загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
За диета здраво срце и висок притисок – една шолја е лек
Сок од домати – витамини и супер вкус
Слатка зимница: Домашен сок од крушки
Чаша на ден и ќе бидете здрави како дрен