Домашен сируп од коприва: Сок кој го обновува целото тело, го зајакнува имунитетот

Домашен сируп од коприва: Сок кој го обновува целото тело, го зајакнува имунитетот

Сок од коприва кој го зајакнува имунитетот и го обновува целото тело.

Состојки:

  • 1 л зовриена вода
  • 400 гр свежи млади листови коприва
  • 7 лимони
  • 800 гр кафеав шеќер
  • 5 лажици ливадски мед

Начин на подгоотква:

  1. Листовите коприва добро измијте ги. Во сад ставете вода и 5 лимони кои претходно сте ги исечкале. Поклопете го садот и оставете да отстои 24 часа. Следниот ден добро изгмечете ги состојките, па процедете. Додајте шеќер и свежо исцеден сок од останатите 2 лимони.

     

  2. Загрејте ја смесата до вриење и оставете 5 минути да врие, со непрекинато мешање. Ако забележите пена, отстранете ја од површината. Медот ставете го на крај кога смесата ќе се излади.

     

  3. Ставете во стерилизирано шише и чувајте на ладно и темно место.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text