Познато е дека лутата храна го подобрува имунитетот, а топи и килограми, затоа подгответе ја оваа вкусна чорба.
Состојки:
- 2-3 лажици масло
- 1/2 главица ситно сечкан кормид
- ловоров лист
- 500 мл готвен домат
- 800 мл вода
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка зачин
- 1 лажичка сечкан рузмарин
- 1/2 лажичка мелена лута пиперка
- 1/2 лажичка бибер
- 1/2 лажичка кафеав шеќер
- 50 гр ситни тестенини
Начин на подготовка:
- На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид и ловоров лист, додека кромидот малку не омекне. Налијте готвен домат, додајте вода, поклопете и почекајте да зоврие. Во врелата чорба додајте ги сите останати зачини, па измешајте. Додајте тестенини и гответе десетина минути или додека не омекнат, но внимавајте да останат „ал денте“. Сервирајте топло.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи