Повкусно од пилешко со кари: Ќофтиња со вкусниот сос и бело вино

Повкусно од пилешко со кари: Ќофтиња со вкусниот сос и бело вино

Направете ќофтиња со кари.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици презла
  • малку магдонос
  • 1 јајце

Сос:

  • 1 лажица брашно
  • 1 лажиче кари
  • 100 мл бело вино
  • 2-3 лажици павлака
  • сол, бибер и масло

Подготовка:

  1. Се меша меленото месо со ситно сецканите кромиди лук, јајцето и магдоносот. Се додава и презла, за да се добие цврста смеса.
  2. Се обликуваат ќофтиња и се пржат на масло.
  3. Ставете масло во тава, ставете брашно и кари и се пропржете, па ставете бело вино и варете додека не се згудне.
  4. Кога е сосот готов ставете ги ќофтињата и оставете да се крчка уште 10 минути.
  5. На крај додајте зачини и павлака.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Смути со лубеница

Смути за старт на денот

За диета здраво срце и висок притисок – една шолја е лек

Неодолив сок од јаболка

Сок од домати – витамини и супер вкус

Слатка зимница: Домашен сок од крушки

Чаша на ден и ќе бидете здрави како дрен