Ориз со мелено месо

Ориз со мелено месо

Едноставно, а вкусно јадење…

Состојки:

  • 200 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 лук
  • 50 гр пасирани домати
  • 300 гр мелено месо
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • 100 гр фета сирење
  • 600 мл топла вода
  • 1/2 супа од зеленчук

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и лукот исечкајте ги што поситно, оризот добро измијте го и исцедете го од течност.

     

  2. Загрејте малку масло, па добро испржете го месото, додајте кромид и лук и пржете додека месото не ја промени бојата. Додајте ориз и ставете вода во која сте додале коцка за супа, па гответе 5 минути.

     

  3. Префрлете ја смесата во намастен сад, преку распоредете сирење и печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути, додека оризот не се зготви.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text