Подгответе лосос по овој рецепт и уживајте во вкусниот ручек…
Состојки:
- 800 гр лосос
- 250 гр шампињони
- 3 домати
- 3 лажици презла
- сол
- масло
Начин на подготовка:
- Рибите исечкајте ги и наредете ги во намастен плех.
- Шампињоните исечкајте ги на листови и динстајте на масло додека не испари течноста која ќе ја пуштат.
- Доматите прелијте ги со врела вода, излупете ги и исчистете ги од семки и исечкајте на коцки.
- Сечканите домати измешајте ги со шампињони и презла.
- Смесата распоредете ја по лососот и печете околу 10 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи