Брзи корпи со спанаќ, сирење и кашкавал

Брзи корпи со спанаќ, сирење и кашкавал

Направете брзи корпички со спанаќ и три вида сирење.

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • 300 гр. спанаќ
  • 150 гр. фета
  • 100 гр. рикота
  • 50 гр. пармезан
  • 2 јајца
  • 1 пакување лиснато тесто
  • 80 гр. стопен путер

Подготовка:

  1. Се загрева масло на тава и се пржи кромидот, се додава грубо исечен спанаќ, пред тоа добро измиен и се остава да испари малку течноста.
  2. Се става во поголем сад смесата и во ладилник 15 минути.
  3. Се додаваат во оладената смеса потоа сирењата иситнети, јајца, сол и зачини по избор.
  4. Се развлекува лиснатото тесто, се вадат кругови и се редат во плех за мафини.
  5. Круг тесто, растопен маргарин, па смесата со спанаќ.
  6. Се печат на загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки