Пилешко со кремав сос – Тече павлака, пармезан и спанаќ

Пилешко со кремав сос – Тече павлака, пармезан и спанаќ

Направете супер ручек со пилешко и спанаќ со супер сос.

Состојки:

  • 2 парчиња пилешко месо
  • 200 гр. печурки шампињони
  • 150 мл. павлака за готвење
  • 100 гр. спанаќ
  • 75 мл. бело вино
  • 50 гр. пармезан
  • 3 лажици маргарин
  • 1 лажица брашно
  • 2-3 чешни лук
  • 2 лажици сечен магдонос

Подготовка:

  1. Се загреваат две лажици маргарин во тава и се става сол и бибер и зачини по желба на пилешкото месо, па се пржи од сите страни околу пет минути.
  2. Се вади и покрива со фолија.
  3. Се пржат сечените шампињони на истата маснотија, се вадат и се тргаат на страна, а во истата тава се става останатата лажица маргарин и се динста ситнетиот лук, се става брашно и по една минута виното.
  4. Се додава и павлака по минута, па пармезан и спанаќ.
  5. Се вари уште малку и се додава пилешкото со печурки внатре.
  6. Се става во чинија и се става магдонос горе.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки