Направете вкусен ручек со карфиол и кашкавал.
Состојки:
- 500 гр. карфиол
- 350 гр. кисела павлака
- 200 гр. сино сирење
- 200 гр. кравјо сирење
- 4 јајца
- 200 гр. кашкавал
- 50 гр. маргарин
Подготовка:
- Се мие и ситни карфиолот на цветови и се вари кратко во солена вода.
- Се става во тепсија потоа цедениот карфиол со кисела павлака, се матат јајца и се додаваат и тие.
- Се сечат маргаринот и сирењата и се додаваат и се ставаат зачини по избор.
- Се меша се и се пече на 180 степени на загреана рерна 30 минути.
- Пред да е готово ставете кашкавал и допечете да се растопи.
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути