Вкусни јагнешки котлети со сос од сенф.
Состојки:
- 4 јагнешки котлети
- 2 лажици естрагон сенф
- малку маслиново масло
- сол
- бибер
- малку месна супа
- 30 гр путер
Начин на подготовка:
- Котлетите пропржете ги на маслиново масло, па посолете и побиберете од двете страни.
- Извадете ги котлетите на топло, одлијте го вишокот маснотии и во истиот сад ставете малку месна супа и почекајте да зоврие. Додајте естрагон сенф и на крај парчиња ладен путер за сосот да се поврзе.
- Прелијте ги котлетите и послужете со варен компир и салата.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи