Направете совршен солен колач со пченинкарно брашно.
Состојки:
- 3 јајца
- ½ шолји масло
- 500 гр. кисело млеко
- 1 лажиче сода
- 1 лажица сол
- 200 гр. сирење
- 2 ½ шолји пченкарно брашно
Подготовка:
- Се матат јајцата со масло, а содата се соединува со кисело млеко.
- Откако ќе надојдат се додава смесата со содата во јајцата.
- Се става сол и ситнето сирење.
- Се става брашно на крај.
- Се меша и се става во намастен плех, па се пече на 180 степени на загреана рерна додека порумени, околу 30 минути.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт