Одлична домашна паштета!
Состојки:
- пилешки џигер
- 2 чешниња лук
- 1 главица кромид
- 7 шампињони
- 1 дл црно вино
- 2 кисели краставички
- сол
- бибер
- црвена пипер
Начин на подготовка:
- Пропржете кромид и лук на умерен оган. Џигерот исчистете го од жили и исечкајте го на мали коцки, а потоа пропржете со кромдиот. Пржете десетина минути, па додајте шампињони. Потоа зачинете со сол и бибер и додајте црвено вино. Крчкајте додека виното не испари.
- Тргнете од оган, додајте пипер, измешајте и оставете да се излади. Додајте сечкани кисели краставички, па заедно измешајте во блендер и чувајте во фрижидер.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта