Сочен сендвич со пилешко бело месо

Сочен сендвич со пилешко бело месо

Одличен рецепт за сендвич со пилешко.

Состојки:

  • 2 парчиња пилешко бело месо
  • 1 лажичка масло
  • 1 помала главица зелена салата
  • 2 лажици грчки јогурт
  • 1 лажица рендан пармезан + неколку листови за декорација
  • малку сок од лимон
  • 2 парчиња леб
  • 1 чешне лук
  • сол, бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото премачкајте го со масло, посолете и побиберете по желба, а потоа испржете го во загреано масло по 7 минути од секоја страна. 
  2. Измешајте грчки јогурт, рендан пармезан, малку лимонов сок, а потоа додајте лажица студена вода. Сè измешајте и зачинете по желба. 
  3. Тостирајте го лебот, па едната страна истријте ја со чешне лук, а остатокот од лукот додајте го во подготвениот прелив. 
  4. Ставете на леб зелена салата, па преку неа исеченото пилешко и прелијте со сос. Украсете со листови пармезан.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text