Брз појадок: Гибаница со фета и кисела вода

Брз појадок: Гибаница со фета и кисела вода

Брз појадок совршен за со кисело млеко, павлака и јогурт.

Состојки:

  • 500 гр. кори за пита
  • 400 гр. сирење
  • 100 гр. фета сирење
  • 150 мл. кисела вода
  • 150 мл. масло
  • 5 јајца
  • 1 лажиче прашок за пециво

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со ронетото сирење и прашок за пециво.
  2. Се додава кисела вода со масло и се меша.
  3. Се става во длабока намастена тепсија од корите, доволни се две кори кои треба да излегуваат од плехот.
  4. Се става малку масло и се земаат останатите кори една по една и се гужваат и мократ во филот.
  5. Така се редат една на друга додека не се потрошат.
  6. Се става остатокот од филот горе и се преклопуваат страниците од корите кои излегуваа од плехот.
  7. Се става најгоре кора и масло.
  8. Се пече на 220 степени на загреана рерна 40 минути.
  9. Пријатно!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

singlepost_text