Деликатесен пекарски компир

Деликатесен пекарски компир

Направете деликатесен компир за ручек денеска:

Состојки:

  • 1 кг. компири
  • 200 гр. сланина
  • 1 главица кромид
  • 200 гр. сирење
  • 2 лажици кашкавал
  • 1 мала шолја бело вино
  • сол
  • масло
  • маргарин

Подготовка:

  1. Се лупи компирот и се става да се вари излупен во солена вода. Се проверува со вилушка дали е варен, но се пази да не се скрши. Се вари 15-20 минути. Се цеди и пасира.
  2. Во сад се става масло и се сече кромидот, па се динста, но не треба многу да порумени. Се додава и ситно сечената сланина и се крчка.
  3. Потоа, се зема тава, се подмачкува со маргарин, па се става половина од компирите.
  4. Се става пола од смесата со кромид и сланина, па компир пак.
  5. Се става горе остатокот од филот, па се става рендан кашкавал и сирење.
  6. Се става и шолја вино.
  7. Се пече на 220 степени околу 20 минути да добие златна боја.

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате