Подгответе ручек за паметење!
Состојки:
- 2 поголеми компири
- 150 гр спанаќ
- 1 јајце
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 150-200 гр сирење
- 150 гр шунка
- 150 гр сува сланина исечкана на листови
- кашкавал
- сол
- бибер
- масло
Начин на подготовка:
- Компирите исчистете ги и исечкајте ги на тенки листови. Плехот обложете го со хартија за печење па изрендајте кашкавал. Наредете компири преку кашкавалот, посолете, побиберете и намастете. Печете на 210 степени.
- Пропржете на масло сечкан кромид и додајте сечкан спанаќ и лук. Малку динстајте да омекне. Јајцето измешајте го со сирење, па во тоа додајте пржен спанаќ. На компирите распоредете сирење со спанаќ па на листови исечкана шунка. Свиткајте ги компирите во ролни, па замотајте ги во сува сланина.
- Печете на 200 степени околу 40-45 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки