Пастрмка во сос од ореви: Гурманско уживање за одбрани гости

Пастрмка во сос од ореви: Гурманско уживање за одбрани гости

Уживајте во единствениот вкусен и здрав оброк.

Состојки:

  • 2 пастрмки
  • 200 гр ореви
  • маслиново масло
  • 2 чаши вода
  • 1 чаша бело вино
  • 3 чешниња лук
  • 4 лажици брашно

Начин на подготовка:

  1. Рибата посолете ја, потоа извалкајте во брашно па испржете на маслиново масло. Оставете ја на хартиени салфети да ја впијат маснотијата, а за тоа време направете прелив од ореви.

     

  2. Во маслиново масло додајте ореви па измешајте. Потоа во посебна чинија соединете вода, оцет, вино, лук и сол. Таа смеса префрлете ја во оревите кои се пржат на маслиново масло. Измешајте, па додајте малку сок од лимон. Тргнете од рингла, па сервирајте ја рибата така што сосот од ореви ќе го ставите преку неа.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text