Направете брзи крофна-стапчиња.
Состојки:
- 400 гр. брашно
- 1 шолја кисело млеко
- 1 лажичка млеко
- 1 кесе прашок за пециво
- 4 лажици шеќер
- 1 лажиче сол
- 1 кесе ванилин шеќер
- 1 лажица лимонов сок
- 1 лажиче ракија
- 1 лажица масло
Подготовка:
- Се сее брашното и се става на средина прашок за пециво со кисело млеко, сок од лимон.
- Се меша и се остава кратко.
- Се ставаат сите други состојки во брашното и се прави тесто кое се развлекува.
- Се сече кора на траки со ширина од два сантиметри.
- Се загрева масло и се пуштаат по три стапчиња да се пржат.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт
Зеленчукова ужинка за на работа