Грчки леб со маслинки: Егзотичен вкус кој не се заборава

Грчки леб со маслинки: Егзотичен вкус кој не се заборава

Замесете грчки леб и нека целата куќа замириса на Медитеранот…

Состојки:

  • 500 гр бело брашно
  • 150 мл вода
  • 150 мл сок од портокал
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 рака ситно сечкани маслинки
  • 1 лажичка сол
  • малку оригано или рузмарин
  • малку маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Измешајте брашно, прашок за печиво, сол, зачини и сода бикарбона. Додајте вода, сок од портокал, сок од лимон и замесете глатко тесто. Потоа премесете го тестото на работна површина на која сте ставиле неколку капки маслиново масло.

     

  2. Растегнете го лебот на дебелина од 2 см па префрлете во плех. Малку пробушете ја површината со вилушка и ставете малку маслиново масло и малку оригано.

     

  3. Печете на 180 степени околу 30 минути. Кога ќе се излади послужете.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text