Идеален десерт за сите љубители на слатки, а подготовката е многу едноставна.
Состојки:
- 150-180 гр колачиња или бисквити
- 40 гр растопен путер
- 1 конзерва карамел (400 гр)
- 4 зрели банани
- 500 мл слатка павлака
- 1-2 лажици шеќер во прав
- течно чокоалдо
Начин на подготовка:
- Издробете ги бисквитите. Измешајте со путер и ставете во сад обложен со хартија за печење. Ставете во фрижидер некое време.
- Извадете ја масата карамел од конзева (може претходно да ја загреете во вода) и ставете преку бисквитите. Преку карамелот распоредете исечкани банани.
- На крај разматете слатка павлака, распоредете преку бананите. Украсете со течно чоколадо, изладете и послужете.
Уживајте!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт