Вкусни банички полни сирење – Домот ќе замириса од рано наутро

Вкусни банички полни сирење – Домот ќе замириса од рано наутро

Направете вкусни банички со сирење.

Состојки:

  • 1 кг. брашно
  • 2 дл. јогурт
  • 2 дл. масло
  • 1 дл. млака вода
  • 1 јајце
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 30 гр. квасец
  • 500 гр. сирење и 2 јајца за фил

Подготовка:

  1. Се разматува квасецот во млака вода и се додаваат останатите состојки па се замесува тесто.
  2. Се остава покриено половина час да нарасне.
  3. Се  дели на 5-6 дела.
  4. Се прави топка од секој и се покрива, па се остава да одмори 10 минути.
  5. Се ситни сирењето и се меша со две разматени јајца.
  6. Се зема по една топка, се расукува, се пресекува на пола и се прска малку масло.
  7. Се става фил и се замотува, па се завртува како полжавче.
  8. Се ставаат на плех со хартија и се печат на 200 степени додека не поруменат.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

 

 

singlepost_text