Солени рафаело топчиња – идеални за доручек

Солени рафаело топчиња – идеални за доручек

Вкусни солени топчиња за доручек.

Состојки:

  • 250 гр фета сирење
  • 500 гр пилешко бело месо
  • 4 јајца
  • 50 гр салама Пекабеско
  • 100 гр рендано сирење

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо згответе го во солена вода, изладете и сомелете, а фета сирењето изгмечете го со вилушка.

     

  2. Сварете ги јајцата, изладете и ситно исечкајте ги, па додајте ги во масата од бело месо и сирење. Добро измешајте да добиете компактна смеса.

     

  3. Саламата исечкајте ја на крупни коцки, а сирењето изрендајте го.

     

  4. Од подготвената смеса правете топчиња, а во средина ставете коцка салама.

     

  5. Топчињата извалкајте ги во рендано сирење, декорирајте со листови магдонос и послужете со салата.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула