Вкусен ручек од мисиркино месо и кикирики.
Состојки:
- 500 гр тенко сечкано мисиркино филе
- 2 лажици зачин
- 200 гр брокула
- 200 гр морков
Состојки за сос:
- 2 лажици путер од кикирики
- 1 лажичка соја сос
- 3 лажици вода
- 1/2 лажичка рендан ѓумбир
- 1 лажица сок од лимон
- 150 мл павлака за готвење
- 60 гр несолени кикирики
- 1/2 лажичка бибер
- сол
Начин на подготовка:
- Мисиркиното филе посипете го со зачин. Пропржете го на загреано масло од двете страни, налијте вода и динстајте додека месото не омекне.
- Зеленчукот згответе го во посолена вода.
- Во путерот од кикирики додајте соја сос, вода, ѓумбир, сок од лимон и загрејте со мешање. Додајте павлака, издробени кикирики, бибер и посолете по потреба.
- Послужете го месото со зготвен зеленчук и сос.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт