Колач за сите кои се на диета: Лажен чизкејк

Колач за сите кои се на диета: Лажен чизкејк

Овој колач е одличен за сите видови диети.

Состојки за основа:

  • 50 гр путер
  • 150 гр ореви
  • 150 гр печени лешници

Состојки за фил:

  • 200 мл слатка павлака
  • 250 гр протеинско сирење
  • 15 гр желатин
  • 50 мл вода
  • 400 гр боровници

Начин на подготовка:

  1. Растопете путер. Оревите и лешниците во блендер иситнете ги на најситно. Додајте растопен путер во мелените ореви и лешници. Ставете ја смесата во помал плех. Ставете во фрижидер да се излади 30 минути.

     

  2. Желатинот прелијте го со ладна вода, почекајте 10-15 минути да набабри, потоа ставете во рерна или микробранова на умерена температура да се растопи.

     

  3. Ставете ја слатката павлака во сад. Додајте сирење. Додајте растопен желатин. Ставете боровници во смесата. Добро измешајте со лажица.

     

  4. Распоредете фил преку изладената основа. Вратете во фрижидер и изладете 4-6 часа.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text