Еклери со поинаков фил

Еклери со поинаков фил

Направете вкусни еклери со поинаков крем.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 130 гр. брашно
  • 50 гр. маргарин
  • 125 мл. млеко
  • 1 прстофат сол
  • 200 мл. павлака
  • 50 гр. маскарпоне
  • 50 гр. кондензирана павлака

Подготовка:

  1. Се става во тенџере млеко со сол и маргарин и се чека да зоврие, па се трга.
  2. Се додава брашно потоа и се меша да се соедини тестото.
  3. Се лади и се додаваат едно по едно јајцата.
  4. Се става смесата во шприц и се прават еклери на плех со хартија.
  5. Се печат на 170 степени додека не пожолтат убаво.
  6. Се мати павлаката со миксер, се додава маскарпонето постепено и се става и кондензираната павлака.
  7. Се меша убаво потоа со жица и се полнат еклерите со шприц.
  8. Може горе да декорирате со чоколадо.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки