Можете само да ги посипете со шеќер во прав, но уште подобри ќе бидат ако ставите мед или јаворов сируп.
Состојки:
- 250 гр брашно
- 50 гр бел шеќер
- 100 гр кафеав шеќер
- 2 лажички мелен цимет
- 3 лажички прашок за печиво
- прстофат сол
- 400 мл млеко
- 100 мл масло
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 белки
Начин на подготовка:
- Измешајте брашно, шеќер, цимет, прашок за печиво и сол во еден сад. Во смесата ставете млеко, масло и екстракт од ванила и добро измешајте.
- Во друг сад разматете белки, па полека додајте ги во смесата и мешајте со дрвена лажица.
- Загрејте апарат за вафли, премачкајте со малку масло па излејте го тестото. Печете од прилика 2 минути, додека тестото не поприми златна боја.
Уживајте!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт