Ѓеврек погача – Може да се направи со два фила

Ѓеврек погача – Може да се направи со два фила

Направете вкусна ѓеврек погача.

Состојки:

  • 600 гр. брашно тип 500
  • 40 гр. квасец
  • 1 јајце
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 50 гр. маргарин
  • 250 мл. млако млеко
  • 3 лажици јогурт

Фил:

  • 120 гр. маргарин
  • 1 јајце
  • 2 парчиња сирење
  • 1 жолчка за горе, масло и сусам

Подготовка:

  1. Се меси тесто од состојките з атесто и се остава да нарасне.
  2. Се развлекува на работна маса, се вадат со чаша кругови како за крофни, се редат на премачкан плех така што секој круг да легне со крајот на другиот круг.
  3. Се прави фил со маргарин изматен со јајце, ситнето исрење, па се става на секој ред.
  4. Се завршува со кругови тесто.
  5. Се остава 20 минути погачата и се премачкува со жолчка, се прска со малску масло и се става сусам.
  6. Се пече на 220 степени 30 минути.
  7. Опција: Место овој фил може да ставите по избор, да ставите пица фил со кечап, оригано, салама, кашкавал, или некој друг по избор.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

 

 

singlepost_text