Едноставна подготовка: Мек и вкусен блонди колач

Едноставна подготовка: Мек и вкусен блонди колач

Многу едноставна подготовка за вкусен блонди колач…

Состојки:

  • 335 гр путер
  • 120 гр бело чоколадо
  • 250 гр шеќер
  • 6 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 300 гр брашно
  • 2 лажици цимет
  • 250 гр кафеав шеќер

Начин на подготовка:

  1. Искршете го чоколадото и заедно со путерот растопете во микробранова.

     

  2. Јајцата разматете ги со екстракт од ванила, 200 гр шеќер и 200 гр кафеав шеќер додека не се растопи. Полека додавајте брашно, непрекинато мешајќи убаво да се содини. Измешајте и чоколадо со путер.

     

  3. Половина од смесата излејте ја во калап (димензии 33х23) обложен со хартија за печење.

     

  4. Измешајте цимет, 50 гр шеќер, 50 гр кафеав шеќер, па половина посипете преку смесата. Потоа излејте ја и другата половина од смесата, па печете 25 минути на 180 степени.

     

  5. Кога ќе биде печено, посипете со останатиот цимет и шеќер. Сечете на коцки и послужете.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text