Крчкаат во рерна: Полнети модри патлиџани

Крчкаат во рерна: Полнети модри патлиџани

Направете полнети модри патлиџани.

Состојки:

  • 2 модри патлиџани
  • 300 гр. мелено месо
  • 200 гр. кашкавал
  • 80 гр. путер
  • 1 главица кромид
  • 2 млади лукчиња
  • 50 гр. рукола
  • 1 домат
  • сол, бибер и оригано

Подготовка:

  1. Се мијат модрите патлиџани и се сечат на три дела, па се длаби средината и се сече и мие руколата.
  2. Се сече и доматот и се ренда кашкавалот.
  3. Се става меленото месо во сад со зачини и путер, со сечен кромид и лукчиња, со рукола и се меси се убаво.
  4. Се полнат патлиџаните и се редат на плех со хартија.
  5. Се става кашкавал горе и домати.
  6. Се пече на 180 степени 20 минути.

 

 

singlepost_text