Чизкејк чоколадни топчиња кои не се печат

Чизкејк чоколадни топчиња кои не се печат

Уживајте во фантастичен десерт…

Состојки:

  • 250 гр крем сирење на собна температура
  • 4 лажици путер
  • 1/2 шолја мелени бисквити
  • 4 шолји шеќер во прав
  • 300 гр чоколадни листови

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад измешајте крем сирење и путер заедно додека не се соединат. Додајте мелени бисквити и добро измешајте. Додајте шеќер во прав. Покријте и изладете во фрижидер најмалку 1 час, а може да стои и преку ноќ.

     

  2. Ставете парче хартија за печење и извадете ја смесата од фрижидер. Формирајте топчиња со лажица. Вратете во фрижидер 10-20 минути, ако се многу меки.

     

  3. Чоколадото растопете го во микробранова, мешајте на секои 15 секунди за да не се стврдне. Потопете ги топчињата во чоколадо. Вратете ги на хартија за печење и оставете да се изладат додека чоколадото не се стврдне.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text