Бисквит колачиња со брашно од хељда

Бисквит колачиња со брашно од хељда

Направете вкусни бисквит колачиња со брашно од хељда.

Состојки:

  • 150 гр. брашно од хељда
  • 1 маргарин
  • 150 гр. шеќер
  • 1 јајце
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 100 гр. мелени ореви

Подготовка:

  1. Се топи маргаринот и се мати пенасто со шеќерот.
  2. Се додава јајце и се меша да е добие крем.
  3. Се додава брашно и прашок за пециво со ореви мелени но покрупно.
  4. Се додаваат и две лажици вода.
  5. Се мати да се изедначи се.
  6. Се става со лажица од смесата во подмачкан плех и се печат кексите на 180 степени на загреана рерна 15 минути.

 

Инаку, брашното од хељда е многу корисно и здраво и треба често да се употребува.

Во себе има повеќе влакна од обичното брашно, има калциум и фосфор, магнезиум, натриум и калиум, пектин и други корисни состојки.

Користете го често така што ќе го замените обичното бело или пак интегрално брашно.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text