Вкусни залаци: Полжавчиња од лиснато тесто

Вкусни залаци: Полжавчиња од лиснато тесто

Доручек или вечера за вашите најмили…

Состојки:

  • 500 гр лиснато тесто
  • 200 гр сирење ементалер
  • 1 лажичка сув зачин
  • 1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Во сад изрендајте ементалер, додајте сув зачин и заедно добро измешајте.

     

  2. Одмрзнатото лиснато тесто растегнете го со големина од 25х35 см и премачкајте со разматено јајце, па посипете со половина од сирењето и свиткајте во ролна. Исечете ја на 12 еднакви широки кругови во облик на полжавчиња и ставете на побрашнет плех. Повторете ја постапката и со другиот дел од тестото.

     

  3. Полжавчињата од лиснато тесто премачкајте ги со разматено јајце и ставете да се печат на 220 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text