Кифлички-топчиња со моцарела

Кифлички-топчиња со моцарела

Направете супер вкусни кифлички со моцарела.

Состојки:

  • 100 гр. шунка
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 јајца
  • 100 гр. маргарин
  • 1 морков
  • 180 гр. брашно
  • 70 гр. моцарела
  • ½ пакување прашок за пециво
  • 1 лажиче сол
  • ½ лажички бибер

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 180 степени и се става хартија на плех за печење.
  2. Се сече ситно шунката, се сече и лупениот морков.
  3. Се става на тава маслиново масло и се динстаат шунката со моркови да омекнат. Се тргаат и ладат.
  4. Се става во сад брашно со прашок за пециво и ладен маргарин на коцки. Се мати и се додаваат јајца, па смесата од шунка и се меша со дрвена лажица потоа.
  5. Се додаваат сол и бибер, не грижете се смесата е леплива.
  6. Се зема со лажица од смесата и со рацете се прават топчиња.
  7. Се ставаат во плех и малку се притискаат.
  8. Се сече ситно моцарелата и се ставаат 3-5 мали коцки моцарела на секое топче.
  9. Се печат на 180 степени 15 минути.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брза похована даска кога ќе се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус

 

singlepost_text