Божиќни колачиња со мед

Божиќни колачиња со мед

Направете вкусни божиќни кекси.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 3 лажички цимет
  • 1 лажиче ѓумбир рендан
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 100 гр. маргарин
  • 100 гр. шеќер
  • 100 гр. мед
  • 200 мл. млеко
  • шеќер во прав за горе
  • кокос

Подготовка:

  1. Се мешаат сувите состојки, брашно со цимет, прашок за пециво и ѓумбир, се става маргарин сечен на коцки и се меша.
  2. Постепено се става шеќер, мед и млеко и се меша да се добие тесто.
  3. Се дели тестото на два еднакви дела. Едниот дел се става во ладилник додека спремате колачи од другиот.
  4. Се развлекува тестото и се вадат колачи во облик во кој сакате.
  5. Се ставаат во подмачкан плех и се печат 6-8 минути на 200 степени на загреана рерна, а потоа по желба им се става кокос, чоколадо, шеќер во прав.

Повеќе на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

singlepost_text