Баклава полна ореви

Баклава полна ореви

Направете вкусна и брза баклава.

Состојки:

  • 500 гр. тенки кори
  • 150 гр. топен маргарин
  • 150 гр. ореви
  • 1,5 лажици шеќер
  • малку цимет
  • 300 гр. шеќер
  • 300 гр. вода
  • 5 лажици мед
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажица сок од портокал

Подготовка:

  1. Се вари сирупот од вода со шеќер, мед и лимонов сок и сок од портокал.
  2. Се делат корите на четири дела.
  3. Се мешаат состојките за фил, па се делат на три дела.
  4. Се премачкува секоја кора со растопен маргарин и се редат на плех подмачкан со масло.
  5. Се става фил три пати, на секоја 4та кора.
  6. Се сече баклавата и се прска со вода.
  7. Се пече 40 минути на 200 степени.
  8. Се прелива веднаш со оладен сируп.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text