Точни состојки и мерки за највкусна пита – Крцка горе, внатре мека

Точни состојки и мерки за највкусна пита – Крцка горе, внатре мека

Постојат финеси за правење на пита кои ќе овозможат да биде мека внатре, а крцкава горе.

Нема ништо поубаво од домашно замесена пита, без разлика дали со спанаќ, сирење, праз,кисела зелка, тиква, јаболки…За совршена пита ви требаат неколку намирници.

Состојки:

  • 1 кг. брашно
  • 3 јајца
  • 250 мл. лимонада
  • 1 лажица сол
  • 10 гр. квасец
  • 500 гр. сирење
  • 250 гр. маргарин за премачкување
  • 200 мл. млеко
  • 3 јајца
  • 30 гр. шеќер

Подготовка:

  1. Се меша квасец со малку вода и се додава масло, сол и јајца, брашно и лимонада (250 милилитри сок од лимон и вода).
  2. Исклучително е важно да се просее брашното.
  3. Се меси тесто и се дели на пет дела, се оставаат да нараснат на температура од 32-35 степени, покриени со влажна крпа.
  4. Се развлекуваат пет кори со пречник од 25 сантиметри и се премачкуваат со маснотија, се става ронето исрење.
  5. Се витка ролат и се реди во плех со маснотија.
  6. Така се прави со сите кори и се редат во круг, од најмал до најголем полжав.
  7. Се премачкува со маргаринот односно маснотија и се пече на загреана рерна на 180-200 степени и по 15 минути се прелива со преливот од млеко со јајца и шеќер.
  8. Се пече уште 25 мин на иста температура.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text