Направете ќофтиња од праз.
Состојки:
- ¾ кг. праз
- ½ кг. ориз
- 6 главици кромид
- магдонос, бибер и сол
Подготовка:
- Се чисти празот, се тргаат зелените листови и се обарува кратко во солена вода, па се сече ситно.
- Се става масло во длабока шерпа, се сече ситно кромидот, се пржи и се става малку сечен магдонос, па се става и ситно сечениот праз, сол и бибер, се пржи и се трга од шпорет.
- Се прават мали топчиња од смесата, се валкаат во брашно и се пржат на врело масло.
- Се сече ситно кромидот кој остана, петте главици и се пржат на масло, се става измиениот ориз и сол и бибер.
- Се става во плех оризот, преку него топчињата и се става масло, па малку топла вода.
- Се пече во рерна на 200 степени додека не омекне оризот.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи