Брза и евтина: Сода погача за Бадник

Брза и евтина: Сода погача за Бадник

Наравете мека погача за Бадник.

Состојки:

  • 700 гр. брашно
  • 400 мл. топла вода
  • 1 лажиче сол
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажиче сода
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 3 лажици масло

Подготовка:

  1. Се сее брашното три пати и се додаа сол и прашок за пециво, се меша.
  2. Во чаша се става оцет со сода, по активирањето се додаваат во брашното, со масло.
  3. Со мешање се става и топла вода и се меси тесто.
  4. Се меси тестото континуирано да нема меури.
  5. Се прави погача и се става во плех за печење со масло.
  6. Се остава 15 минути, се прават дупчиња со вилушка на повеќе места.
  7. Се пече на 180 степени на загреана рерна околу 30 минути.
  8. Се остава потоа покриена со сува крпа 10 мин.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

singlepost_text