Божиќни ѓевречиња

Божиќни ѓевречиња

Направете вкусни ѓевреци за Божиќ.

Состојки:

  • 200 мл. млеко
  • 30 гр. квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 2 јајца (без една жолчка)
  • 4 лажици масло
  • 550 гр. брашно
  • сусам и мак
  • 120 мл. вода
  • 4 лажици шеќер

Подготовка:

  1. Во шерпа се става вода со шеќер да врие, додека не се стопи шеерот, па се лади.
  2. Во топло млеко со лажица шеќер се става квасец, 3 лажици брашно и се меша.
  3. Се остава да нарасне.
  4. Се ставаат потоа и другите состојки за тесто, јајцата без една жолчка, масло и брашно и се остава тестото да нарасне 40 минути со крпа горе.
  5. Се вадат топчиња како мандарини, се сече секоја на два дела.
  6. Се развлекуваат и се прави ѓеврек.
  7. Секој се посипува со сирупот со шеќер.
  8. Се оставаат 10 минути и се премачкуваат со изматената жолчка која ја тргнавме, една лажица вода и се става сусам и мак.
  9. Се печат на плех со хартија на 180 степени на загреана рерна 20 минути.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Ослободете се од стресот со 5 минутна масажа на прстите

Студени раце и стопала? Еве на кои здравствени проблеми може да укажуваат

5 природни маски за лице против акни

Природен рецепт кој го лечи болното грло

Кои чаеви помагаат при слабеење?

Вежбате, а резултатите се слаби? Еве што да јадете

Совети кои дерматолозите нема да Ви ги откријат

Рецепти за природни, а ефикасни маски за лице за зимските денови

singlepost_text