Направете совршена домашна рибина чорба

Направете совршена домашна рибина чорба

Вкусна чорба идеална за славска трпеза…

Состојки:

  • 3 главици кромид
  • 1 мала шолја масло
  • 1/2 чаша бело вино
  • 1 чаша доматен сок
  • сол
  • бибер
  • малку оцет
  • сува лута пиперка
  • 3 кесички зачин за рибина чорба
  • мали парчиња речна мешана риба, количина по желба

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го ситно или сомелете го, ставете на масло, додајте чаша вода и динстајте додека не биде пенасто. Додајте зачин за рибина чорба и добро измешајте да нема грутки, потоа ставете вода и оставете да се готви. Кога ќе почне да врие, тргнете ја чобрата и додајте сол, малку бибер, доматен сок, бело вино, лута пиперка (цела) и малку оцет.

     

  2. Ставете ја чорбата повторно на оган и гответе додека не зоврие, па тргнете од шпорет.

     

  3. Напомена: Чорбата не се меша за да не се распадне рибата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text