Превртен овошен колач

Превртен овошен колач

Направете превртен овошен колач.

Состојки:

  • 4 праски, јаболки или круши по избор
  • 50 гр. маргарин за тепсијата
  • 110 гр. маргарин
  • 7 лажици шеќер
  • 2 јајца
  • 200 мл. јогурт
  • 12 лажици брашно
  • 10 гр. прашок за пециво
  • 200 мл. слатка павлака

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 180 степени, а тепсија се премачкува со целиот маргарин.
  2. Се ставаат две лажици шеќер од горе.
  3. Се сече овошјето покрупно па се става врз шеќерот и маргаринот (може да одберете еден вид или повеќе овошки).
  4. Се матат 110 грама маргарин во сад со 5 лажици шеќер, јајца и јогурт.
  5. Се додава брашно со прашок за пециво и се мати да се соедини се убвао.
  6. Се става смесата врз овошјето.
  7. Се пече 45 минути.
  8. Се лади 15 минути потоа, се одлепува со нож и се превртува.
  9. Се мати слатка павлака и се украсува.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text