Дедо Мраз мафини

Дедо Мраз мафини

Дојде најубавиот период од годината.

Се е накитено, се блеска, а сите сакаме совршени декорации и рецепти на трпеза.Затоа ви нудиме супер рецепт.

Направете вкусни Дедо мраз мафини.

Состојки:

  • 90 гр. какао
  • 170 мл. топла вода
  • 375 гр. брашно
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 1 лажиче сода
  • 250 гр. маргарин
  • 350 гр. шеќер
  • 4 јајца
  • 200 мл. кисела павлака

Подготовка:

  1. Се меша какао со топла вода, додека во друг сад се меша брашно со прашок за пециво, сода и малку сол.
  2. Се ставаат маргаринот и шеќерот на пареа да се стопат, а потоа се мешаат со миксер.
  3. Се мешаат додека се олади смесата (5-6 мин), па се додаваат едно по едно јајцата.
  4. Се додава мешавината од вода со какао и се убаво се меша.
  5. Се додаваат сувите состојки и на крај павлаката, сето тоа постепено.
  6. Се полнат калапи за мафини околу ¾ од висината, се печат на загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
  7. Се ладат.
  8. Со мрвици, шарени топчиња и различни додатоци се прават дедо мразовци и други декорации.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

singlepost_text